Македонија ја губи битката со конкурентноста. За рок од три години земјава паднала за повеќе од 20 места во Извештајот за глобалната конкурентност.

Во најновиот Извештај, за 2018 година Македонија е рангирана на 84 место. Во документот што го изработува Светскиот економски форум година се вклучени 140 земји. Светскиот економски форум го изработува извештајот врз основа на 12 критериуми: продуктивност, институции, инфраструктура, развој на ИКТ сектор, макроекономска стабилност, здравство, образование, технолошката подготвеност, пазар на труд, финансиски систем, големина на пазар, бизнис динамика и иновативност. Македонија е најдобро позиционирана според критериумот бизнис динамика на 57 место, а најлошо според големината на пазарот на 109.

Во 2017 година, Македонија воопшто ја немаше во извештајот, односно земјава беше исклучена поради недоволен број на податоци

Земји исклучени поради недоволни податоци се Барбадос, Боливија, Брегот на Слоновата Коска, Габон и ПЈР Македонија., стоеше во Извештајот од минатата година.

Во Глобалниот индекс на конкурентност за 2016 година Македонија беше на 68 место од 138 земји. Нашата земја од 60 место, падна на 68 место.

По се изгледа најдобар резултат во однос на конкурентоста Македонија имаше во 2015 година, кога земјава беше на 60 место и имаше скок за три позиции.

Ако конкурентноста , беше  еден од најзначајните фактори за охрабрување на странските инвеститори за поголем интерес за вложување, според  економските аналитичари  сега  Македонија  заостанува многу и треба да се направат сериозни чекори  во однос на подобрување на сите  критериуми наведени во Извештајот.