Кирил Колемишевски е поставен за нов главен извршен директор на Македонска банка за поддршка на развојот АД Скопје.

Oваа одлука е донесена на седницата на Надзорниот одбор на банката одржана на 15 мај. Кирил Колемишевски  на јавноста и е многу повеќе познат како член на бендот „Нокаут“, а и искусен адвокат кој се занимава со стопанско право.

Со уписот на Кирил Колемишевски за вршител на должност главен извршен директор во трговскиот регистар се брише Драган Мартиновски главен извршен директор поради истек на мандат.