Компанијата Мајкрософт прв пат своите акции ги стави на берза на 13. март 1986-та година.
Тогашната вредност на една акција чинела 21 долар, а денеска нејзината вредност е дури пет пати повисока и изнесува 106 долари.
Така, сите оние кои тогаш вложиле барем 1000 долари во акции на компанијата, станале милионери.
Сегашната вредност на таквата инвестиција би била повеќе од 1.6 милиони долари.
Мајкрософт во 1975 година е основан од Бил Гејтс и Пол Ален за развој и продажба на бејзик, програмски јазици проектирани да бидат едноставни за користење, за компјутерот Алтаир 8800.
Почетната јавна понуда на компанијата од 1986 и нејзиниот раст на пазарот годиниве, направи тројца луѓе милјардери, а 12 илјади меѓу вработените во Мајкрософт станале милионери.
Comments are closed for this post.