Светската економија денеска е помалку отпорна на глобална финансиска криза отколку што била во 2007 година, покажува индексот на макроекономската отпорност кој заеднички го развиле швајцарскиот институт Свис Ре и Лондонската школа за економија.
Меѓу 31 анализирани земји и региони, кои претставуваат околу три четвртини од светскиот БДП, Швајцарија, Канада и САД имаа најоглема економска отпорност, додека најголем пад на отпорноста од 2007 година бележи еврозоната.
Анализата покажува дека 80 отсто од земјите во 2018 година биле поранливи отколку на кризата во 2007 година, а главните причини се исцрпеноста на опционалните инструменти на монетарната политика во многу развиени земји, како и предизвиците кои претстојат на банкарскиот сектор и покрај тоа што финансиските институции денеска се посилни отколку што беа на почетокот на кризата.
Кога станува збор за еврозоната, најголема пад на отпорноста бележат земјите на периферијата, како Италија и Грција, заради слабата фискална позиција, исцрпените механизми на монетарната политика, се уште слабиот банкарски систем, неефикасност на пазарот на труд и слабата раззвиеност на финансиските пазари.
Азија и Океанија имале поприлично стабилни резултати на економската отпорност помеѓу 2007 и 2008 година, а нивото на отпорност на Кина, Јапонија и Австралија незначително се подобрени.
Истовремено, отпорноста на Индија главно се намалила заради слабите резултати од финансискиот сектор.
Comments are closed for this post.