Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски е дециден дека кога ВМРО-ДПМНЕ  ќе се врати на власт повторно ќе го врати рамниот данок, односно ќе го укине зголемувањето на данокот кое сега го воведува власта на СДСМ со прогресивниот данок.

– Кога ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати на власт ќе ги врати даноците по старо, а за млади, инженери, информатичка технологија, и сите оние кои што правата додадена вредност или извоз ќе оди и под 10%. Второ целосно кратење на т.н. скриени даноци од типот на фирмарини и така натака кои што се плаќаат во моментов со цел да го ослободиме бизнисот и повеќе пари да остануваат во бизнисот, потенцираше Николоски за Канал 77.

Тој посочи дека власта прави маркетиншки трик велејќи дека воведува правично одданочување, но всушност со тој трик се зголемуваат и 5 други даноци, а не се намалува ниту еден.