Вицепремиерот Анѓушев смета дека каматите на штедните влогови  треба да се даночат, а оданочувањето на капиталните добивки да се пролонгира. Вели дека македонската берза е млада и треба да се остави простор таа да се развива.  Но што точно ќе биде предмет на оданочување допрва ќе се разглеудва.

Од опозицијата, пак, сметаат дека  дека не треба да се правата турбуленции во даночната политика.

Министерката за финансии Ангеловска, од друга страна, пред неколку дена изјави дека  по барање на комисијата за хартии од вредност и берзите се разгледува опцијата плаќањето данок на  остварената добивка од дивиденда како и на каматите кои граѓаните ги добиваат од заштедите во банките, да биде одложено.

Оваа новина  беше донесена во 2018 година кога министер за финансии беше Драган Тевдовски. Со мерката која треба да стартува од следната година  се предвидува граѓниите да  плаќаат данок од 15 отсто за дивиденди и заштеди во банки ако нивната камата годишно надмине 15 илјади денари.