Возилата со странски регистарски таблички кои се возат низ земјава ќе се легализираат, односно ќе добијат таблички од Македонија.
Од Владата сметаат дека е рано да објавуваат повеќе информации бидејќи во следниот период ќе се подготвувало законско решение.
Во моментот се работи на драфт-верзија на законското решение со кое ќе се реализира оваа најавена мерка, која се очекува по усогласување со сите надлежни институции до крајот на годината да биде доставена на усвојување до Собранието, велат од Министерството за економија.
Comments are closed for this post.