Кинеските власти ја прифатија програмата “Големиот Залив”, aмбициозен план кој вклучува претворање на Хонг Конг и 10 соседни градови во светски центар на технологијата, иновации и економска активност, објавија кинеските медиуми.
Проектот има 5 стратешки цели кои предвидуваат тесна интеграција меѓу Хонг Конг и Макао, а ќе се почитува принципот “една држава – два системи”.
До 2022 година треба да биде создадена основата за екслузивниот залив од светска класа. До 2035 година пазарите во регионот треба да се оптимално поврзани и да бидат изградени ефикасни патишта во однос на ресурси и производство.
Хонг Конг, Макао, Шенжен и Куангџоу ќе бидат клучните градови во регионот на “Големиот залив”. Кинеската влада вети дека ќе се подигне статусот на Хонг Конг како меѓународен финансиски, транспортен и трговски центар.
Макао ќе биде светски туристички центар, Гуангжу ќе игра водечка улога во својство на главен град на “Големиот залив”, а Шенжен ќе биде економска зона со специјален статус, каде што ќе се базираат кинеските иновативни и технолошки гиганти.
Географски регионот ќе опфаќа Хонг Конг, Макао и уште 9 градови во провинцијата Гуангдонг. Вкупната површина на 11 градови е 56.5 илјади квадратни километри. Населението е околу 67,6 милиони луѓе. Вкупно економијата на 11-те градови за 2018 година изнесува 1,58 трилиони долари.
Comments are closed for this post.