Катастрофална е реализацијата на капиталните инвестиции на државата. Во изминатите девет месеци од 2018-та реализирани се само 27,43 проценти.
Министерството за финансии објави дека од предвидените 390 милиони евра заклучно со септември, искористени се нешто над 107 милиони евра.
Лошата реализација на капиталните инвестиции беше и причината за предложениот ребаланс на буџетот. Владата реши да скрати 91 милиoни евра и времено да ја стопира изградба на Клиничкиот центар, потоа гасоводот на Водно, но и градењето на нови училиша низ земјава.
50 мил евра со ребалансот ќе им се дадат на општините да покријат дел од долговите, а тоа се очекува да влијае на локалниот економски развој.
Ребалансот на буџетот во понеделник влегува во собраниска процедура. Владата предлага да се намали расходната, но и приходната страна за половина процент од првично планираното. Буџетскиот дефицит е задржан на 2,7 отсто. Но, владата ја намали прогнозата за економски раст која сега е проектирана на 2,8 отсто.
Ако се погледнат бројките од изминатите години, може да се види дека реализацијата на капиталните проекти во последниве 10 години се движела над 76 % со исклучок на 2009 година, а најголем дел од планираните проекти биле реализирани во 2012.
Наспроти лошата реализација, владата за оваа година најавуваше засилена динамика на капиталните проекти одобено во последните два квартали од годинава.
Comments are closed for this post.