Ниту еден работодавач не најавил дека годинава и покрај економско енергетската нема да исплати регрес за годишен одмор, а таква е состојбата и во дел од јавниот сектор, велат за „Слободен печат“ од Сојузот на синдикати на Македонија. Во моментот и на околу 1.000 од вкупно 27.000 вработени во јавниот сектор, им легнаа парите за К-15 за 2020 година, се разбира, откако ги добија пресудите по тужбите што ги поднесоа.
-Неисплата не е во опција, а нема ни оправдување за непочитување на Колективниот договор – децидни се од ССМ.
До крајниот рок за исплата на популарниот К-15 (31 декември), во приватниот сектор, има нешто повеќе од два месеца, а според пресметката од ССМ, тој треба да изнесува 12.748 денари.
Трпе Деаноски, претседател на Синдикатот на УПОЗ, за „Слободен печат“ вели дека судовите постапуваат по тужбите што ги поднесоа нивните членови, а од почетокот на годинава паднале и првите пресуди во нивна корист.
-Судовите исплатија регрес, како и дел од Јавното обвинителство, а онаму каде што нема разбирање да се избегнат судските трошоци и да се исплаќа доброволно, тераме со тужбите – додава Деаноски.
Comments are closed for this post.