Јавниот долг на Македонија на крајот на 2018 година изнесува 5.202,2 милиони евра што претставува 48,5 отсто во однос на БДП. Државниот долг, пак, на крајот на 2018 година изнесува 4.344,4 милиони евра односно 40,5 отсто во однос на БДП.
Ова се бројките наведени во Годишниот извештај за управување со јавниот долг за 2018 година усвоен од Владата на 141 седница
Како што посочија од владината прес-служба, со ова ниво на државен долг Македонија останува умерено задолжена земја со државен долг кој е далеку понизок од просечното ниво на долг на земјите на ЕУ, коошто на крајот на 2018 година изнесува 80,8 отсто.
Comments are closed for this post.