Постоењето на непотизам при вработањата во јавниот сектор, се почестата злоупотеба на функцијата в.д. директор, непродуктивни буџетски трошоци, немањето на основни услови за работа на Антикорупциската комисија се дел од точките на ранливост во нашиот систем на кои алармираше претседателката на комисијата Билјана Ивановска во својот говор по повод Меѓународниот ден за борба против корупцијата. Последно, Антикорупциска дала мислење за постоење на судир на интереси во назначувањето на Куштрим Рамадани за нов директор на МЕПСО.

И последното мислење за постоење судир на интереси во случајот на досегашниот член и Заменик-претседател на Регулаторната комисија за енергетика кој е назначен за директор на МЕПСО без притоа да помине законскиот период од две години пропишан со Закон.За надминување на несакани состојби на судир на интереси во кои може најдат високи функционери и членови на Владата, подготвивме и Практично упатство за правилата за ад-хок откривање и управување со случаи на судир на интереси за членовите на Владата на РСМ. – рече Билјана Ивановска – Претседателка на ДКСК.

Последниот извештај на Европската комисија зборува за подобрените резултати во борбата против корупцијата во Македонија, но таа се уште е присутна во многу области, рече шефот на Делегацијата на ЕУ Дејвид Гир на панел дискусијата. Тој кажа дека ЕУ и понатаму ќе дава поддршка за Антикорупциска, администрацијата и деловниот сектор.

Вицепремиерот за борба против криминалот и корупцијата Љупчо Николовски порача дека Владата со ставање акецент на оваа тема отвора широк фронт во оваа борба.

Во областа на корупцијата во правосудството министеот за правда кажа дека во завршна фаза е медотодологијата за прочистувањето, која треба да се објави кон крајот месецов.

Во секторот одбрана пак, според Транспаренси интернешнал Македонија е оценета со просечна оценка со умерен ризик заедно со Босна и Херцеговина, Естонија, Грузија, Ливанија и Полска.