Италијанскиот заштитник на конкуренцијата ги казни нискобуџетните компании „Рајанер“ и „Визер“ поради политиката за транспорт на багажот.
Ирскиот „Рајанер“ ќе мора да плати три милиони евра, а унгарскиот „Визер“ еден милион евра.
Двата превозника им допуштаат на патниците со себе да понесат само еден мал багаж, кој ќе можат да го стават покрај нив. За поголемите торби мораат да платат.
Италијанскиот заштитник на конкуренцијата смета дека наплатата од пет до 25 евра за таков багаж значи зголемување на цената на авиокартите на нетранспарентен начин.
Comments are closed for this post.