Канадската компанија нема лесно да се откаже од планираната инвестиција во рудникот Иловица. Откако вчера министерот за економија Крешник Бектеши изјави дека веќе е потпишана предлог-одлуката за едностран раскин на договорот со Еуромакс рисурсис за рудникот „Иловица“ и за неа ќе следи владина процедура, денеска од канадската компанија за Пресингтв, информираат дека ќе се искористат сите правни алатки.

Ќе поднесеме приговор до Управниот суд по одлуката на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен и цврсто сме уверени во нашата правна позиција“, велат од „Еуромакс Ресоурцес“, за Пресингтв.

Канадската компанија планираше голема инвестиција од 340 милиони евра во изградба на рудник за злато, која во изминативе години  направи бројни подготовки и вложувања.

Бектеши вчера изјави дека Владата е подготвена да оди и на меѓународен суд и да ги брани ставовите и дека Владата не носи емотивни туку одлуки во рамки на сите процедури и во рамки на Законот за минерални суровини поради што и малку се одолговлекла одлуката.