Намалена потрошувачка, намален број нарачки и неможност за реализирање на договореното, се првичните штети во мелничко-пекарската индустрија што ги предизвика состојбата со коронавирусот.
Компаниите кои се жалат и на негативни влијанија врз човечките ресурси, сепак уверуваат дека храна ќе има доволно.
– Штети има, но тие се уште не може да се согледаат зашто ситуацијата се менува секојдневно. Неблагодарно е сега да даваме некакви прогнози, особено зашто се надеваме на минорни ефекти. Воедно очекуваме надлежните да направат сериозна анализа, да утврдат колкави се трошоците на бизнисот и соодветно да интервенираат, истакна денеска на прес-конференција потретседателот на Агро бизнис комората при Сојузот на стопански комори, Горан Ѓорѓиевски.
Според него, државата не треба да прави ништо посебно, туку само да го следи примерот на развиените земји во Европа и така да реагира.
Comments are closed for this post.