Сместувачките капацитети во хотелите на Охридско-струшкото крајбрежје се целосно исполнети за новогодишните празници, инфорира претседателот на ХОТАМ Крсте Блажески.

Традиционално, според него, најголем интерес имало кај гостите од Бугарија, а застапени се и останатите земји од околината, Грција и Албанија и малку од Србија и Црна Гора.

Последните години интересот е многу голем кај гостите од Бугарија. Ние сме сакана дестинација, но и евтина дестинација. Не е само за Нова година, туку и преку цела година. Повеќето хотели се полни. Има некои мали хотели кои не можат да примаат поголеми групи и продаваат соба по соба, изјави Блажески.

Пред Нова година, за католички Божиќ, додаде Блажески, најмногу гости имало од Грција, кои повторно се враќаат на ривиерата. Годинава, забележа намалување на турските туристи, но зголемување на Полјаци, Бугари и Холанѓани.