Вработените во ХЕЦ Врбен утрово се справуваат со хаварија, која настанала со пукање на доводен цевковод, објави Курир.
ХЕЦВрбен се наоѓа во општина Маврово Ростуше, а е во надлежност на ЕСМ (ЕЛЕМ).
Хидроелектричната централа Врбен е сместена во близина на селото Врбен и е дел од ХС Маврово, заедно со ХЕЦ Вруток и ХЕЦ Равен.
ХЕЦ Врбен е најоддалечена од трите хидроелектрани на системот и истата претставува проточна хидроелектрана.
Таа има два струјотвори и вкупна инсталирана моќност од 12,8 мегавати. Инсталираниот проток на хидроелектричните постројки изнесува 4,6 м3/сек., додека бруто-висинскиот пад на нивото на водата изнесува 193 м.
Comments are closed for this post.