По се изгледа дека новиот телефон „Пиксел“ на Гугл ќе ја замени лепенката „Made in China“ со нова „Made in Vietnam”.

Неодамнешните извештаи откриваат дека Гугл ова лето почнал со средување на старата Нокиа фабрика во Виетнам како во неа би ги произведувал своите „Пиксел“ телефони.

Овој потег претставува одговор на компаниите на се повисоката цена на работната сила во Кина и заканите за зголемување на таксите на робата од оваа земја во САД.

Два извори блиски до плановите на компанијата изјавиле дека станува збор за истата провинција во која Самсунг го развивал својот ланец на набавка пред речиси 10 години.

Ова значи дека Гугл на располагање ќе има искусни работници, што е многу важно ако компнијата планита да испорача меѓу 8 и 10 милиони паметни телефони оваа година.

Ова не е прв пат Гугл да го преместува производството откако започна трговската војна меѓу САД и Кина.

Компанијата во јуни дел од своето производство на матични плочи и Нест производи ги префрли во Тајван.