Тајно и на мала врата Владата уште пред три месеци донела одлука да овозможи почнување постапка за основање три нови друштва за приредување интернет игри на среќа, кои ќе бидат под нејзина капа, односно под капата на Државната лотарија на Македонија.
Одлуката, случајно или не, пишува „Плусинфо“ е донесена под назив кој не навестува дека содржи информација која е од круцијално значење за индустријата на игри на среќа. Под наслов „Одлука за одобрување на работењето на Управниот одбор на акционерското друштво за приредување игри на среќа, Државна Лотарија на Република Македонија“ објавен во Службен весник на РСМ, бр. 124 од 14.6.2023 година, Владата, всушност, овозможила отпочнување постапка за основање на три нови друштва за приредување интернет игри на среќа.
Во меѓувреме, Законот за игри на среќа, кој беше актуелен во последните две години и беше високо на агендата на Владата, веќе неколку месеци целосно исчезна од јавниот дискурс, а предлог законот кој требаше да се донесе со европско знаменце мистериозно заглави во некоја од фиоките во Собранието. Законот беше силно критикуван како од здруженијата на приредувачите на игри на среќа, така и од европските политичари. Покрај тоа, во јавноста се појавија сомнежи и шпекулации дека законот воопшто не е во интерес на граѓаните и заштитата на малолетните лица во игрите на среќа, туку дека тој е параван за бизнис интереси на ДУИ и на вицепремиерот Артан Груби. Со вакви наводи излегоа опозициските ВМРО-ДПМНЕ и неодамна формираната партија на Изет Меџити.
Иако настана извесно затишје во јавноста за оваа тема, „Плусинфо“ дознава дека Владата била вредна и тајно и молчешкум си работела додека граѓаните се плажирале. Во текот на летните одмори, уште пред три месеци, Владата на мала врата донела одлука која ќе има сериозни импликации врз постоечките компании кои организираат игри на среќа во земјава.
Целата сторија на „Плусинфо“
Comments are closed for this post.