Веб-апликацијата „Граѓанскиот буџет“ ќе им овозможи на граѓаните на едноставен начин ќе имаат увид во Буџетот на Република Македонија и ќе го направи буџетот подостапен за нив. Апликацијата е изработена од победниците на ФинХакатонот којшто се одржа во текот на летото во Министерството за финансии, абеше промовирана во Минситерството за финансии.
Тој дава јасен приказ на приходите и расходите во буџетот, како и можност да се направи споредба низ времето колкави биле тие ставки. Има и јасен приказ колкав удел имаат одделните расходи во буџетот. На овој начин граѓаните добиваат информација на што се наменети државните пари, а со тоа имаат и поголема контрола врз нивното трошење – истакна Тевдовски.
Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски, истакна дека со ФинХакатонот им се овозможило на младите луѓе да влијаат врз транспарентноста и ефикасноста на една комплексна јавна институција како што е Министерството за финансии.
Преку вакви иницијативи сакаме преку практична примена на иновации во јавниот сектор да имаме отворени и транспарентни институции, а граѓаните да добијат поефикасна и поквалитетна услуга – изјави Деспотовски на презентацијата.
Елена Андреева, претставничка на тимот кој ја изработи победничката веб-апликација на ФинХакатонот, вели дека апликацијата треба да го направи буџетот разбирлив за сите. Таа овозможува не само да се добијат бројки од буџетот, туку истовремено има и објаснувања за самите ставки, како и споредби со изминатите години со што се добива јасна слика за буџетот.
За Граѓанскиот буџет изработени се и едукативни видеа.
Видеата се надополнуваат со веб-апликацијата и ја прават сликата уште појасна и поприемчива за целата јавност. Би сакал да истакнам дека она што е добро е што оваа апликација не се однесува само на еден Граѓански буџет, туку е платформа на која и во иднина може да се поставуваат податоци од новите буџети – истакна Стефан Митески од тимот кој го изработи победничкото видео на ФинХакатонот.
Граѓанскиот буџет може да се најде најде на интернет адресата http://budget.finance.gov.mk.
Comments are closed for this post.