вмро-дпмне обвинува

Граѓаните ќе плаќаат поскапа струја за да има пари за криминалот на СДСМ

29.05.2022 / 13:45

СДСМ и лично оваа влада предводена од СДСМ, изминативе неколку години ја креираше најголемата енергетска криза во Република Македонија.
И нормално од СДСМ, сите можеме да чуеме како велат дека тоа било светска енергетска криза итн, но реалноста и фактите велат дека оваа енергетска криза е директно наметната од СДСМ и од нивното лошо и криминално работење и сите ценовни шокови и покачувања на цената на електричната енергија ќе ги платат лично граѓаните, впрочем, како што го плаќаат и до сега, oбвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

Според него,заради криминалното и неодговорно работење на СДСМ и оваа влада во енергетскиот сектор, граѓаните изминативе години плаќаат до 30% повисока струја, а сега од јули за жал, ќе плаќаат уште најмалку 10% повисоки сметки за струја.

 Зошто е ова така?
Вчера можевме да видиме кои што ги објави претседателот Мицкоски, а укажуваат на недомаќинското работење во РЕК Битола и запуштеноста на комбинатот. Тие слики можат да ги погледнат повторно граѓаните за да се потсетат како изгледа РЕК Битола.

Цели поплавени рударски машини, поплавени транспортни траки, поплавени багери кои се користат за работа во рудникот  и практично ништо од овие машини кои се поплавени не е  нефункционално во моментов. Зошто? Затоа што никој од ова раководство кое го води ЕЛЕМ, односно ЕСМ и РЕК Битола не мислел и воопшто не се ангажирал како да се справи со водни поплави и слично, па затоа е парализиран целиот комбинат и не работи.

Надоврзано на ова, во извештајот на Регулаторна комисија покажува дека во 2021 година може да се забележи дека се произведени вкупно 3,17 терават часови електрична енергија од страна на ЕЛЕМ, а само две години претходно во 2019тата година произведени се 4,25 терават часови електрична енергија од страна на ЕЛЕМ.

Што значи, за само една година намалено е производството на електрична енергија од страна на ЕЛЕМ за нешто повеќе од 1 терават часови електрична енергија.

Ако се земе во предвид дека просечна увозна цена на струја според светските берзи е 250 евра за мегават час, тоа укажува дека оваа Влада со намаленото производство на струја од над 1 терават часови струја за една година, влегла, народски кажано во дупка повеќе од 250 милиони евра.

Тие пари ги плаќаат граѓаните преку плаќањето повисоки сметки изминативе месеци.

Ова е тажната реалност во Република Македонија и затоа граѓаните плаќаат до сега 30% повисоки сметки за електрична енергија, а од јули ќе плаќаат и над 10% повисоки од сегашните сметки за електрична енергија.

На крајот од денот, ниту еден обид за манипулација ниту од Владата, ниту од омилениот регулатор на СДСМ Бислимовски, нема и не смее да го оправда криминалот со тендерите во 4 очи во РЕК, нема да може да го оправда незнаењето за работење во енергетиката на оваа влада, ниту пак рекетот кој го правеа а беше пријавен во МВР преку РЕК Битола и испумпувањето на парите преку агенции за обезбедување.

Ете заради ова, граѓаните плаќаат повисоки сметки за струја и ќе плаќаат уште повисоки сметки за струја.

Решението е предвремени парламентарни избори, нова влада, а пред тоа сите граѓани кои што не се задоволни од ваквото криминално работење на оваа влада, ги повикуваме да ни се придружат на протестот во месец јуни.

 


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Економија

Мицкоски: Скандалозно е што Битиќи им пишува на компаниите гласајте за СДСМ

пред 8 часа
Економија

Филипче: СДСМ е партијата која обезбеди повисока минимална плата

пред 3 дена
Економија

Битиќи ги теши другарите и другарките од СДСМ: Кренете ги главите, вратете ги насмевките

пред 1 нед.
Економија

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

пред 2 недели
Економија

Димитриеска Кочоска: Платформа 1198 значи повисок животен стандард, раст на БДП од 5% на среден рок, повеќе пари за малите и средни бизниси, повисоки пензии

пред 2 недели
Економија

Ковачевски ветува просечна пензија од 30.000 денари и минимална пензија од 20.000 денари

пред 2 недели
Економија

Високо ангажирана дискусија за економска сигурност и ланците на снабдување со Jonathan BERKSHIRE MILLER во Американскиот универзитет на Европа – ФОН

пред 2 недели
Економија

„Фич“ потврди дека економскиот раст во Македонија е само 1% во 2023 година

пред 4 недели
Економија

Цукерберг го престигна Маск на листата на милијардери

пред 4 недели
Економија

ФИЧ: Со мерките на Народната банка инфлацијата и натаму ќе забавува

пред 4 недели