Банките смируваат дека нема простор за стравување кај граѓаните околу стабилноста на банкарскиот систем, кои се појавија по затворањето на Еуростандард.
Апелираме до граѓаните да не се вознемируваат од изјави и објави на неточни и непроверени информации за банкарскиот систем. Препорачуваме да се следи официјалниот извор на информации за работењето на банките – народната банка согласно која банките се стабилни и сигурни, располагаат со исклучително високо ниво на ликвидност, а солвентноста е повеќе од двојно повисока од законскиот минимум. Банкарскиот систем во секој момент може да одговори на потребите на граѓаните и компаниите, преку квалитетна и соодветна кредитна поддршка и клучно – преку безбедност за нивните депозити. Тоа се темели на стабилноста и сигурноста на банките и е демант на секоја пласирана невистина којашто се однесува на банкарскиот систем. – стои во соопштението од Македонската банкарска асоцијација.
Comments are closed for this post.