Од денеска, цените на бензините се намалени за два денари, а цената на дизелот останува иста.
Според одлуката на Регулаторната комисија, бензинот БС-95 од полноќ поевтини за два денари и чини 87,5 денари. Исто толку поевтини и БС-98 и сега чини 90 денари за литар.
Цената на дизелот остана иста и тој се продава за 101,5 денари за литар.
Сегашни максимални цени на горивата:
Моторен бензин Еуросупер БС – 95 – 87,50 (денари/литар)
Моторен бензин Еуросупер БС – 98 – 90,00 (денари/литар)
Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) – 101,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 97,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 53,955 (денари/килограм)
Comments are closed for this post.