Гордана Димитриеска Кочоска, заменик-министер за финансии од редовите на ВМРО ДПМНЕ во техничката Влада во статус на фејсбук му одговори на министерот за здравство Венко Филипче, кој ја прозива во јавноста дека поради тоа што таа не потпишала барање за кредит, се доцни со изградба на 16 монтажни ковид-болници во Македонија.

Димитриеска Кочоска објаснува дека нејзиниот потпис за одобрување на кредитот од Светска банка по закон е е задолжителен.

Го гледам Венко Филипче како својата неспособност да се справи со кризата ја крие со мене, со оправдување дека моето блокирање на кредитот довело до оваа ситуација и тоа три месеци откако јас не сум во Владата и девет месеци откако знаеше дека ќе има есенски бран.
Неспособен министер за смрт, многу добро сте запознаен со Законот за Влада на Република Македонија којшто кажува дека во случај кога има несогласување помеѓу министерот и техничкиот заменик министер се бара мислење од ДИК. Тука ја приложив и одлука на ДИК па народот нека види дека мојот потпис, по закон не е задолжиттелен. А вие одговорете зошто вашата министерка и покрај тоа што имаше право, а и време да го потпише кредитот, го одби и не го потпиша, пишува Димитриеска Кочоска.

Филипче изјави дека од почеток на ковид кризата во земјата, опозицијата правела опструкции и критики кон сите кои даваат максимални напори во справување со вирусот во земјата.

Заменичката министерка за финансии во техничката влада од редовите на ВМРО-ДПМНЕ со месеци го одолговлекуваше и воопшто не го ни потпиша заемот од Светска банка. Уште една во низата постапки со кои тие ја потврдуваат својата деструктивна политика е фактот дека последното нешто на што размислуваат е здравјето на граѓаните е постојаното дискредитирање на Комисијата за заразни болести, омаловажувајќи ја и експертизата на членовите и нивниот труд во справувањето со кризата, изјави Филипче.

Поранешната заменичка-министерка во техничката влада смета дека еден универзитетски професор, неврохирург ќе има барем малку достоинство и ќе престане да се крие зад неа, а ќе се бори со најголемиот предизвик којшто го имаме денес.

Ама, после овие неколку месеци се разочарав тотално од вас, не како министер (одамна се имам разочарано) ама и како проефесионалец кој својата неспособност ја префрла врз некој којшто врска нема со целата оваа ситуација. Министер кој е професионалец ќе искористеше до сега од таа 1,1 милјарда евра кои ги потпишав за да се бори против короната. Ама како што кажав, способен и квалитетен професионалец. Вие не сте ни едното ни другото. И сега немате некој нов Наќе или Гордана да биде изговор за вашата неспособност.

Со други зборови ја оплескавте.

И не ќе беше тоа толку страшно доколку таа ваша неспособност денес не се плаќаше со животите на луѓето кои се губат катадневно, а одат на вашата нечиста совест.
Ако имате грам морал, како што сум убедена дека немате, наместо да ситните статуси за Гордана земете пенкало и напишете си ја вашата оставка. Што побрзо тоа подобро. Што поскоро, тоа повеќе луѓе ќе се спасат од вашата неспособност, пишува Димитриска Кочоска на фејсбук.

Го гледам Венко Филипче како својата неспособност да се справи со кризата ја крие со мене, со оправдување дека моето…

Posted by Гордана Димитриеска-Кочоска on Thursday, October 22, 2020