Германската ниско тарифна авио компанија “Германија“ поднесе барање за стечај и ги приземји сите свои авиони, поради тоа што не успеа да обезбеди краткорочно финансирање за да го одржи бизнисот.

Авио компанијата со седиште во Берлин, која има повеќе од 30 авиони и годишно превезува повеќе од 4 милиони патници , го најави овој потег  изутринава, со што одлуката стапува на сила веднаш.

Авио превозникот леташе најмногу на кратки дестинации и средни долги рути и чартер превози. Компанијата на почетокот на јануари призна дека има финансиски проблеми  и дека не е во состојба да ги подмири обврските спрема вработените, пренесе Танјуг

Во денешното соопштение, компанијата укажа на “ големиот скок на цените на горивата  од минатото лето и константното слабеење на еврото спрема доларот“ , како и на значајното одложување на набавките на авиони и големиот број работи околу одржувањето