Денеска премиерот  во заминување Зоран Заев промовираше нова инвестиција   од страна на  водечка светска  компанија во автомобилскиот сектор „Дура аутомотив системс“.

Оваа компанија според Заев ќе реализира нови инвестиции во земјава со отворање две фабрики во ТИРЗ Скопје 2.

Но информациите до кој дојде Лидер, но и кои може да се проверат на интернет се дека оваа компанија е банкротирана.

Се поставува прашањето која компанија вистински инвестира во Македонија?

На овој линк се информациите кои се објавени во врска со оваа компанија.