Бројот на корисници на „Фејсбук“ се зголемува наспроти скандалите поврзани со кражбата на лични податоци и проблемите со контролата на штетните содржини.
Според најновите податоци, бројот на луѓе кои барем еднаш месечно влегуваат на социјалната мрежа на годишно ниво е зголемен за 9 отсто. Така, бројот на корисници изнесува повеќе од 2,3 милијарди. Без основа останаа и стравувањата за одлив на реклами.
„Фејсбук“ оствари повисоки приходи од очекуваните. За периодот октомври-декември минатата година, компанијата заработила речиси 7 милијарди долари. Тоа е за 61% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Годишната добивка се зголемила за 30% и стигнува малку над 22 милијарди долари. Информацијата ја зголеми вредноста на акциите за речиси 9%.
Comments are closed for this post.