Следната недела ќе се знае за колку ќе поскапи струјата. Се споменува минимално поскапување, но извесно е дека ќе се воведе и евтина тарифа. Но, проблем е прилагодувањето на броилата, поради што ЕВН бара повеќе време од вообичаените три месеци, поради комплицираноста од воведените тарифи – изјваи првиот човек на Регулаторната комисија (РКЕ) Марко Бислимовски.

-Евтината тарифа сигурно ќе биде воведена. Ги правиме сите анализи, имаме сериозно разидување со операторот во однос на времето кога тие може да стартуваат со имплементација на евтината тарифа. Наша цел е што повеќе граѓани во ист момент да ја користат евтината тарифа да нема поплаки. Тоа се работи што ги разговараме и ќе мора да ги завршиме кон почетокот на следната недела, рече Бислимовски.

Како што објасни, прилагодувањето на броилата го врши странска компанија и ЕВН бара време да се заврши. Проблематични се броилата кои не можат од компјутерскиот систем да се сетираат. Компјутерски требаат по две минути за едно дигитално броило, додека останатите се сетирааат рачно.