Европската комисија ја повика Италија да разјасни што е можно побргу дали планира да ја заврши железничката врска со Франција, односно проектот што предизвика поделби меѓу коалиционите партии во италијанската влада.
Портпаролката на Европската комисија на прес-конференцијата изјави дека објаснувањето од Рим треба да пристигне во наредните денови, што, според Ројтерс, се врши дополнителен притисок врз официјален Рим.
Партијата ” Five Star Movement” долго време се противеше на планот за проширување на железнички врски со Франција, односно железнички тунел под Алпите, е проект како што велат, за непотребно губење на пари, додека нивниот коалициски партнер силно го поддржаа проектот, нарекувајќи “итно потребна инвестиција”.
Комисијата веќе одобри повеќе од 810 милиони евра за финансирање на проект познат како ТАВ, поврзувајќи го италијанскиот град Торино со Лион во Франција.
Портпаролката на Европската комисија, рече дека властите во Рим ризикуваат да изгубат дел од грантовите што веќе ги одобрила Комисијата и дека Рим може да биде принуден да отплати дел од веќе потрошени пари од ЕУ, ако продолжи да го одложува проектот.
Комисијата не може да ја исклучи можноста дека може да побара од Италија да ги отплати доделените грантови”.
Comments are closed for this post.