Најавата дека ќе се бришат каматите на долговите постари од три месеци, но главнината ќе мора да се плати на 12 рати, ќе ги ослободи граѓаните од каматите на заостанатите сметки за вода и ѓубретарина, за кирија во општествен стан, даноци кон државата, итн. Отписот на каматите не ги засега банките, а граѓаните најмногу ги интересира дали ќе се бришат и каматите на сметките за струја.

ЕВН Македонија, како што беше случајот и во неколкуте претходни иницијативи поврзани со оваа проблематика, се залага за комплетни и систематски решенија на проблемот со заостанатите долгови. Во тој поглед, сметаме дека делумен отпис на побарувања, односно само на каматите на дел од побарувањата, нема значително да придонесе кон решавањето на проблемот со заостанатите долгови на корисниците. Доколку има официјална одлука, ќе ја разгледаме и ќе размислиме – велат од компанијата за „Слободен печат“.