Народната банка објави ново видео од серијалот едукативни анимирани видеа „Со Народната банка во светот на финансиите“,што се изработува со поддршка од Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ), насловено „Препораки за безбедно користење услуги од електронското банкарство“.

Видеото ќе биде достапно на веб-страницата на Народната банка и на страниците на Народната банка на социјалните мрежи.

Серијалот едукативни анимирани видеа „Со Народната банка во светот на финансиите“ е предвидено да содржи девет видеа и во нив се обработуваат актуелни теми од доменот на финансиите коишто ги засегаат сите граѓани како активни субјекти во финансиските текови.