Регионот ќе го достигне европскиот стандард до 2050 година според оптимистичкото сценарио или во 2200 година според песимистичкото сценарио истакна Бојан Марковиќ од ЕБРД , на Самитот за Западен Балкан што вчера се одржа во Скопје во организација на „Економист“.

За да се реализира оптимистичкото сценарио мора да се зголеми продуктивноста и иновативноста на стопанството во Западен Балкан, рече Марковиќ.

За време на панелот, претставникот на Европската инвестициска Банка, Матео Ривелини, објави дека ЕИБ донесе одлука да додели грант во висина од 10 милиони евра, за изградба на пречистителната станица во Скопје, како форма на поддршка на реформите кои се спроведуваат во земјава.