Околу милион и 400 илјади евра им должат две винарии на лозарите за грозје од пред неколку години. Оваа информација за МИА ја потврдија од Државниот инспекторат за земјоделство.
Винарската визба “Повардарие” од Неготино, според податоците со кои располагаме, должи уште околу 780 илјади евра за откупено грозје во 2014 и 2015 година. Исплатени беа околу 5,2 милиона евра и расчистени беа обврските за реколтата од 2016 година. Следните две години оваа винарница не откупуваше грозје, појаснија од Инспекторатот.
Винаријата “Стефани вајнерс” во стечај од Кавадарци, според податоците на Инспекторатот, на лозаропроизводителите им должи околу 649 илјади евра, за грозје откупено пред неколку години.
Comments are closed for this post.