Индустриското производство во мај годинава забележа пад од 27 отсто во однос на мај лани, а од почетокот на годинава до мај во однос на тој период минатата година намалување од 14,4 отсто.
Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, гледано по сектори, индустриското производство во секторот рударство и вадење камен во мај 2020 година, во однос на мај 2019 година, бележи опаѓање од 4,3 отсто, во секторот преработувачка индустрија бележи опаѓање од 32,1 отсто, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 14,6 отсто.
Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во одделите производство на прехранбени производи, производство на пијалаци, производство на тутунски производи, производство на текстил, производство на облека, производство на други неметални минерални производи, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, производство на електрична опрема, производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место и производство на моторни возила, приколки и полуприколки.
Според главните индустриски групи, производството во мај 2020 година, во однос на мај 2019 година, бележи опаѓање кај Еенергија за 9,2 отсто, интермедијарни производи, освен енергија за 22,5 отсто капитални производи за 47 отсто, трајни производи за широка потрошувачка за 48,8 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 22,3 отсто.
Comments are closed for this post.