Во периодот јануари – декември 2018 година вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 1.282.970 илјади денари што е за 36,7 отсто помалку во споредба со истиот лани, соопшти Државниот завод за статистика.

Во наведениот период, градежната оператива од Република Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 1.280.950 илјади денари или 6,5 проценти помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Во истиот период е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Германија, Холандија и Србија.