Германската полиција втор ден го продолжува претсресот во седиштето на „Дојче банк“ во Франкфурт и остантите канцеларии по обвинувањата за перење пари поврзани со „панама документите“, рече портпаролот на обвинителството.

Обвинителите наведуваат дека во моментов се истражуваат огромни колични на материјали и дека акцијата продолжува.

Со претресот се опфатени и канцелариите на членовите на Управниот одбор, но не се соопштуваат нови детали.

Портпаролот на „Дојче банк“ одби да ја коментира полициската акција. Најголемата германска банка синоќа објави дека соработува со истражителите.

Акциите на „Дојче банк“ паднаа утринава за 1,4 отсто по синоќешниот пад од 3,4 отсто. Од почетокот на годината, вредноста на акците е намалена за 48 проценти.

Истрагата се заснова на откриените „панамски документи“ од 2016 година. Тогаш огромна количина на финансиски податоци протекоа од една од најтајните светски компании – панамската адвокатска канцеларија „Мосак Фонсека“.

Обвинителството сака да утврди дали вработените во „Дојче банк“ помогнале нивните клиенти да отворат офшор сметки заради „трансфер на пари од криминални активности“.