До 75 проценти помали казни за физичките лица, одредување на глобите за фирмите врз основа на повеќе критериуми, број на вработени, остварени приходи и претходно поведение се дел од измените кои ги содржи новиот закон за прекршоци. Директрката на УЈП, Соња Лукаревска истакнува дека масовните казни заминуваат во минатото, а столб на политиката на УЈП ќе биде превенцијата, односно опомената.
Да ги отфрлиме оние драконски репресивни казни со кои, на некој начин, се уништуваа фирмите. Тоа да оди во минатото, а иднината да претставува дека малите фирми ќе плаќаат помали казни, а поголемите фирми, поголеми казни. Нашата цел не е да ја намалиме дисциплината на даночните обврзници, генерално на фирмите и физичките лица, туку да го дадеме оптималното решение – Лукаревска.
Comments are closed for this post.