Дизелгејт, скандалот со емисијата на гасови од дизел моторите, удри уште во еден германски производител – „опел“, објавија германски медиуми.

Властите влегле во седиштата на компанијата. Подружниците на француска ПСА, која ги произведува „пежо“ и „ситроен“ сега и официјално се дел од скандалот со измамата на емисијата на стакленични гасови.

Истрагата се однесува на моделите на „опел“ – „инсигниа“, „зафира“ и “каскада“.

Тоа би можело да значи повлекување на околу 100.000 возила во Европа.