Денеска во технолошко индустриската развојна зона, ТИРЗ Скопје 1, почна изградбата на нова фабрика на турската компанија „Балканлар Пластик“, која ќе произведува пластични амбалажи за градежната, млечна, хемиска и авто индустијата.
На свеченоста присуствуваше и директорот на ТИРЗ Александар Младеновски, кој во својот говор истакна дека се радува за инвестицијата и дека за неколку месеци , на тоа исто место ќе работат луѓе кои се негови пријатели и блиски.
Кога ќе погледнам дека нешто почнува да се гради многу ме радува , поради тоа што сум сигурен дека за некој месец на ова исто место ќе работат мои пријатели, блиски , на некој начин млади луѓе кои нема да си заминат од тука, вели Александар Младеновски, директор на Дирекција на технолошко индустриски развојни зони.
На свеченоста присуствуваа премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Кочо Анѓушев , министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на ТИРЗ Александар Младеновски.
Comments are closed for this post.