На Комисијата за финансирање и буџет имаше обраќање пратеникот од редовите од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски. Тој истакна дека  државата континуирано се задолжува и дека следува период на уште пострашно задолжување односно од милијарда и 450 милиони евра.

Димовски додаде дека идејата за Клинички центар  воопшто не е внесена во овие проекции и дека чини дополнителни половина милијарда евра.

-Ова година Република Македонија треба да повлече заеми во вредност од 34  милијарди денари тоаа го кажа од оваа говорница и многу ми е жал што не е тука за да ги соочиме аргументите.  Тоа се 556 милиони евра што треба да ги повлечеме како заеми. Што е поинтересно во фискалната стратегија за следната година се планирани 55 милијарди денари, да повлечеме како заеми од домашно и од странско задолжување, што е некаде 900 милиони евра. Значи оваа година 556 милиони следната година 900. Вкупно се милијарда и 450 милиони. Плус заменичке, дали во овие бројки е внесена идејата за Клинички центар? Не е. Колку е идејата за Клинички центар-околу пола милијарда рече Димовски.