Пресметката на просечната плата, со промена на власта новиот директор на Државниот завод за статистика ја смени. Затоа што вие добивате просечна плата врз база на одредена група на компании како примерок кој што ги земате и ги пресметувате платите кои што ги исплаќаат тие компании. Базата ја смени, и стави други компании кои што имаат повисоки плати во однос на овие од претходно, вели Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Димитриеска Кочоска рече дека повеќе од 70% од граѓаните во Македонија кои што примаат плата се под просечната плата.
„Ајде сега да погледнеме се вели дека 34.000 денари е просечната плата во Македонија. Колку од администрацијата зема под овие 34.000 денари, како еден од најголемите вработувања? Исто е и со приватниот сектор. И ако ги побарате податоците да ви ги дадат еве од Управа јавни приходи, или од Пензискиот фонд бидејќи нели и таму плаќаме, дел од бруто платата оди таму, ќе видите дека повеќе од 70% од луѓето кои што примаат плата се под просечната плата“, заклучи таа.
Таа додаде дека срамота е вицепремиер да коментира дека се зголемува минималната и просечната плата во Македонија при тоа да не ја зеде во предвид реалната вредност на овие две плати.
„Срамота е, кога ќе излезе еден вицепремиер, бидејќи тој го гледам во континуитет низ годиниве, се занимава со минималната и со просечната плата, срамота е да коментира како расте и просечната и минималната плата притоа не земајќи в предвид реалната вредност на овие две плати. Дали куповната моќ е иста или не е? Дали исто живееме или многу полошо“, запраша Димитриеска Кочоска.
Димитриеска Кочоска нагласи дека со просечна плата во минатото граѓаните можеле да купат двојно повеќе работи од што можете да купат сега со просечна плата.
„Еве јас имам извадено податоци за месец 08.2016 година и 2022 година од аспект на минималната плата, 10.080 денари со 32.000 денари како се зборува, тука е негде потрошувачката кошничка. А, од друга страна во 2022 година е 18.500 со 51.000, значи 8.500 имаме зголемување во минималната плата, а скоро 20.000 денари имаме зголемување во потрошувачката кошничка“, укажа таа.
Comments are closed for this post.