„Не треба да го заборавиме моментот дека имаме корекција нагорна на стапка на инфлација за прв пат толку голема разлика или толку голема промена, или погрешна проекција во минатата година за 2022 година па сега проектирана. Никогаш до сега ваква корекција не сме имале. Исто како што не сме имале ниту корекција за 2020-та на падот каков што имавме на БДП. Така да некако во континуитет ни се случуваат вакви посериозни проекции во однос на планот. Е, сега 8.8% имаме стапка на инфлација, значи проектирана за 2022-та година, а од друга страна имаме проекција на БДП од 2.9%, или за еден процентен поен надолу. Јас не знам навистина Народна банка кај гледа кога ги проектира работиве, прво не знам ни како ја проектираше инфлацијата пред почетоков на годината кога знаевме каква состојба имаме со енергетската криза. Инфлацијата не е од сега значи, во континуитет зборуваме дека инфлацијата кај нас почна многу порано во однос на еврозоната, во однос и на соседните земји. Тоа истото го констатираше и Светска Банка во пролетните прогнози 2021 година кога кажа Македонија има повисока инфлација во однос на целиот регион“, истакна Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во емисија на 24 телевизија.
Димитриеска Кочоска додаде дека БДП 2.9% за 2022 година при инфлација од 8.8%, се вели дека инфлацијата ќе ги изеде парите. А, се нема најави дали ќе има корекции и покачување на платите на граѓаните, и ако се има инфлација која што ги јаде парите, тоа значи дека со иста плата луѓето ќе можат помалку да купуваат. Ако БДП мери количинско производство и продажби во исто време се поставува прашањето како луѓето со исти пари, а повисоки цени ќе купат за 2.9% повеќе или ќе се произведе сето тоа и ќе се извезе итн.
„Има тука нелогичност, прво заради тоа што во континуитет се се потпираше на онаа лична и јавна потрошувачка која што е факт дека се случуваше минатата година посебно во последниот квартал кога можеби требаше многу повеќе да се внимава. Во тој период државата трошеше многу повеќе отколку што требаше да си дозволи и да троши. Поготово за ајде да кажеме стоки и услуги, што подразбираме не беше за капитални инвестиции туку за стоки и услуги и како резултат на тоа повеќе се разгори инфлацијата во Македонија“, рече Димитриеска Кочоска.
Димитриеска Кочоска посочи дека во државата се има многу висока корекција на инфлацијата нагоре но во исто време се нема соодветна корекција на БДП. А, тоа повеќе од јасно кажува дека нема да се заврши ниту со 2.9% БДП туку ќе биде многу понизок.
Comments are closed for this post.