Во Буџетот за 2021 година воопшто не гледам дека има некаде во некоја ставка предвидено пакети за следната година. Многу е битно во делот на УЈП да ги детектира оние дејности кои што се многу погодени и посебно да обрне внимание на данокот на добивка, затоа што секое одолговлекување од месец за месец за одлагање на данокот и нивната обврска да го плаќаат данокот само им прави оптоварување и на некој начин им ја пореметува и онаа ликвидност која и во овој момент им е отежната и ако тоа не го спроведат до крајот на годината, тогаш за следната година ќе биде без предметно зошто фирмите кои годинава имаат мали добивки односно загуби, следната година нема ни какви аконтации на данок да плаќаат, а кои ќе бидат тие фирми, оние кои што беа најпогоден во 2020 година, вели Гордана Димитриеска Кочовска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во централниот дневник на телевизија Сител.
Во однос на забелешки за Буџетот за 2021 година Димитриеска Кочовска додаде дека истиот се сведува на расфрлање на пари за непродуктивни цели, посочувајќи дека вака поставен нема да ја доведе македонската економија до стапка на раст од 5,95 проценти во 2025
Јас не гледам ништо што е паметно во целиот овој Буџет затоа што развојно нема ништо. Се повторно се сведува на расфрлање на пари за непродуктивни цели и тоа нема да не доведе до стапка на раст од 5,95 проценти како што е повторно наведено во овј Буџет за 2025 година, во кој што вели дека целта на оваа влада е преку ваквиот развоен Буџет 2025 година да ја завршиме со 5, 95 проценти стапка на раст со БДП и тоа не може да се случи со ваков буџет, рече таа и додаде:
Така да генерално големите забелешки се однесуваат во овој дел, и уште една забелешка ние имаме за 2021 година 570 милиони евра дефицит или ново задолжување. Во суштина ваквиот начин на проектирање не враќа само години наназад бидејќи ние ги расфрламе на некој начин парите кои што ги оставаме на терет на идните генерации бидејќи задолжувањата ќе треба тие да ги враќат.
Comments are closed for this post.