Прва на листата на должници во стечајната маса на Еуростандард банка е групација од поврзани фирми од Струмица, според фактите од извештајот за стечајот на банката подготвен од стечајниот управник, тврдат од Здружението на оштетени штедачи на Еуростандард банка.
Во дописот до медиумите од ова Здружение велат дека во портфолиото на поврзани друштва оваа групација има 9 фирми од кои банката има сомнителни и спорни побарувања, кредити кои воопшто не се исплаќани повеќе минати години.
Оваа групација должи фантастични 8 милиони и 250 илјади евра на банката во кредити кои се ултра ризични и во најголем дел ненаплатливи. Ова е само водечкиот пример, а вакви групации од поврзани фирми има повеќе. Организиран криминал од невидени размери“, велат од ова Здружение додавајќи дека оштетените физички и правни лица депоненти на Еуростандард банка се во потрага по вистината и правдата и прашуваат кој се стои зад овие фирми и во кои џебови завршиле нивните пари од депозитите?
„Вистината мора да се открие, правдата мора да се задоволи. Ние не сме лопови, ние сме лојални граѓани на оваа земја, плаќаме даноци и придонесуваме за развој на економијата. Нашите пари се украдени на безкрупулозен начин, организирано и свесно. Државата не не заштитила и бараме државата да не обештети, а криминалците веднаш да ги смести таму каде им е местото и да им го заплени имотот“, се вели во дописот до медиумите.
Comments are closed for this post.