Дали ДУИ се подготвува наскоро и официјално да го преземе Министерството за финансии. Ова министерство остана празно откако Драган Тевдовски беше сменет со реконструкцијата на Владата и по неуспешниот обид премиерот Зоран Заев да биде и министер.
Антикорупциска комисија вчера му порача на Заев во најкраток рок да именува министер бидејќи законите не дозволуваат тој да има две функции.
Тоа отвора можност ДУИ и официјално да го добие овој ресор. Заменик министер за финансии е Ширет Елези, кадар на ДУИ.
Портпаролот на Владата Мухамет Хоџа вчера истакна дека се настапени условите по член 48 став 2 од Законот за организација и работа на органите на државата управа согласно кои заменикот министер за финансии ги презема сите овластувања и одговорности за раководењето на министерството за финансии.
Како што објасни тој, согласно Законот за организација и работа на органите на државата управа, заменикот го заменува министерот во случај кога тој е отcyтен или кога поради болecт или други причини не е во можност да ја врши својата функција.
Comments are closed for this post.