Министерство за земјоделство по кој знае кој пат ги излажа земјоделците и заборави да каже дека со мерката “зелена нафта“ само половина можат да ја користат оваа мерка, обвини денеска Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Со оваа мерка, вели тој, само уште еднаш се докажува дека СДСМ е лош менаџер и ќе доведе повеќе штетни отколку во корисни влијанија во земјоделскиот сектор.
Ја прашуваме власта зошто предвидува само 55.000 картички за зелена нафта, а во Македонија регистрирани се над 100.000 македонски земјоделци. Дали со овој податок се отвора нов сомнеж како ќе се избира кој ќе земе картица и дали изборот ќе се врши во општинските организации на СДСМ. Исто така го прашуваме министерот зошто во оваа мерка не се опфатени и сточарите како категорија?, вели Трипуновски.
Comments are closed for this post.