Почнувајќи во 2017 година, нелегалниот тутун (познат како режан тутун) почна да се појавува ширум земјата, првично само на избрани локации. Сепак, ерозијата на легалниот пазар на тутун продолжи со уште поголем интензитет во 2018 година. Заради тоа, легалниот пазар на тутун се очекува да претрпи алармантен пад од повеќе од 11,0% во 2018 година во споредба со претходната година (просечното годишно намалување на пазарот во периодот од 2015 до 2017 година беше блиску до 1,9%), констатираат од Стопанската комора на Р. М
Како резултат на овој пад, приходите од акцизите на тутун се очекува да забележат пад во споредба со минатата година (-2,2%). Членките на Групацијата за производство на цигари при Стопанската комора на Македонија се согласни дека главната причина за ова нагло опаѓање на легалниот пазар на тутун е развојот на трговијата со нелегален тутун и недостигот од спроведување на Законот за да се спречи таквата појава.
Според нашето мислење, нелегалниот тутун веќе ја загрозил стабилноста на легалниот пазар, како и одржливоста на владините приходи и индустријата во целина. Оттаму, апсолутно е неопходно Владата веднаш да преземе акција и интензивно да го спроведува Законот против оваа нелегална активност.
Индустријата проценува дека нелегалниот тутун моментално опфаќа најмалку 8,0% од вкупната потрошувачка на тутун (или над 360 милиони цигари годишно). Ова претставува сериозна закана не само за приходите на државата и за учесниците на легалниот пазар на тутун (производителите, увозниците, дистрибутерите, малопродажните места, тутунопроизводителите итн.), туку и за општата јавност.
Нашата проценка е дека во 2018 година, буџетот на Владата изгубил повеќе од 940 милиони денари (или близу 9%) во акцизни давачки поради нелегалниот тутун. Дополнително, државата изгубила уште 200 милиони денари од ДДВ. Севкупно, државниот буџет изгубил повеќе од 1,1 милијарда денари или 18,5 милиони евра во 2018 година. Доколку Владата веднаш не започне со сеопфатна борба против трговијата со нелегален тутун, државните приходи од акцизи на тутун уште повеќе ќе се намалат во блиска иднина. Ако продолжи тековниот тренд, проценуваме дека загубите од акцизни давачки би можеле да достигнат 1,8 милијарди во 2019 година и 3,3 милијарди денари во 2020 година, со дополнителни загуби од ДДВ од 400 милиони денари во 2019 година и 740 милиони денари во 2020 година, велат од Стопанската комора на Р. М
Македонија направи измени на Законот за акцизи во 2013 година целосно во согласност со Директивата за акцизи на ЕУ (2011/64). Од измените, државните приходи од акцизите на тутун речиси се удвоиле, од 5,7 милијарди во 2012 година на 11,3 милијарди во 2017 година, забележувајќи просечен годишен раст од над 14,4% во тој период. Неодамнешниот развој на нелегалниот тутун води кон ерозија на државните приходи и целата легална индустрија и се заканува да го избрише напредокот остварен во последните 5 години. Оттаму, спроведувањето на законите од страна на Владата и дејствување е неопходно без какво било одложување.
Не само што ги одзема приходите од државата, нелегалниот тутун става енормен притисок на легалните учесници на пазарот, затоа што колку повеќе луѓе купуваат режан тутун, толку повеќе се намалуваат приходите преку легалните канали, со што се загрозуваат работни места на сите учесници.
Конечно, нелегалниот тутун претставува сериозно здравствено прашање, затоа што има непознато потекло и сомнителни состојки, без каква било контрола на квалитетот.
Во 2018 година, нелегалната трговија со тутун порасна значително и стана сериозна закана за легалните учесници и ги загрози владините приходи. Ова бара итно внимание на Владата и одлучна акција. Моментално, достапноста на нелегалниот тутун сè повеќе се шири и луѓето кои учествуваат во нелегалната трговија не се плашат од спроведување на законот и од последиците.
Од СКМ предлагаат подигнување на свеста на јавноста за штетноста од консумирање на непроверени и нерегистрирани производи од тутун, како и свеста за негативните ефекти од нелегалната трговија, како во Владата, така и во општата јавност. Дополнително, потребно е да се примени систематски пристап кон борбата против нелегалната трговија, каде што ќе се усогласат сите релевантни делови на Владата (заедно со засегнатите индустрии), со јасен акционен план.
Нелегалната трговија не може да се реши само со борба против поединечните продавачи на отворените пазари, туку задолжително е и спроведување на Законот во нелегалните канали за набавка каде што се набавува самиот тутун. Клучниот двигател на одржлив раст на државните приходи од акцизи е стабилна големина на пазарот на легален тутун, којшто треба да се обезбеди со спроведување на законите и борба против нелегалната трговија. Трговијата со нелегален тутун веќе ја загрозува целата индустрија и нанесува сериозни штети на приходите на Владата, така што веднаш се неопходни одлучни акции.
Comments are closed for this post.