Четирите компании  поврзани со лица на јавни функции, а имаат одобрен грант од Фондот за иновации на листа за чекање одлука дали ќе добијат државни средства или не.

Директорот на Фондот Јован Деспотовски вели дека проценката е веќе изготвена и доставена од страна на Транспареси интернешнл – Македонија“,  а на крајот намесец јануари очекува да има одлика.

„Комапнијата „Декодикс“ на снаата на Ласкова минатата недела доби оценка дека има среден ризик од своето влијание, но речиси на граница со висок ризик. Тоа значи дека не ги исполнува условите да го добие грантот.  Во согласност со протоколот и  другите три компании се во рангот на среден ризик во согласност со протоколот. “Контура“ на Елена Донева, поврзана со поранешниот амбасадор Јован Донев, има нијанса помал ризик од „Декодикс“, но и двете се оценети со висок среден ризик. Со среден ризик, но понизок од овие две, се „Т – сенс“ поврзана со сопругата на актуелниот министер за култура, Асаф Адеми, и „Микросам“, сопственост на поранешниот министер без ресор, Веле Самак.

Конечната одлука сега треба да ја донесе Комитетот за одобрување инвестиции во Фондот, на седница закажана за крајот на јануари.