Денеска на состанок ќе се бара решение за проблемот со извозот на макеоднско брашно на Косово. 25 дена домашните фирми се блокирани и овој производ не влегува во Косово. Официјалното образложение на косовските власти е дека не ги исполнува стандардите односно не содржи доволно железо и фолна киселина.

Претседателот на мелничко пекарската комора во изјава за Сител вели дека пратките ги имаат сите потребни документи издадени од Агенцијата за храна и ги исполнуваат сите стандарди. За нив е нејасно зошто косовските власти не ги признаваат овие документи и зошто прикажуваат други резултати.

Малишиќ вели дека и АХВ и Министертството за економија за проблемот се информирани уште пред три недели, но состанок е закажан за утре.

Министерството за економија е во комуникација со косовските власти за настанатиот проблем со извоз на брашно на косовскиот пазар. Во текот на утрешниот ден заедно со Агенцијата за храна и ветеринарство ќе оствариме состанок со претставници на Мелничко-пекарската  индустрија со цел за изнаоѓање на решение. Во зависност од информациите и од косовската страна и од мелничко-пекарската  индустрија ќе бидат превземени соодветни мерки.

Соодветни мерки најавува и министерот за земјоделство.

Деновиве во земјава се вратени околу 300 тони брашно или половина од месечниот извоз во Косово. Македонското брашно во оваа соседна земја секоја година се помалку се извезува. Лани биле извезени двојно помали количини споредено со 2019.