Регионот сам и испраќа сигнал на Европката унија дека не е за таму каде што тргнал. Ова што се случува сега со Косово, Србија и Босна е катастрофа. ЦЕФТА договорот е мртов, тоа само треба да се констатира. Наместо да ја интензивираме размената со соседите, остваруваме суфицит со земји како Германија, рече денеска претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески.

Првиот човек на комората потенцираше дека Македонија мора да се стреми кон уште поголема соработка и размена со петте соседи што ги имаме, и да гради сериозен пристап кога се во прашање индустријата, извозот и образованието на кадарот согласно потребите на пазарот.